Почнува новата трка за Скудетото, Интер и Јувентус се главна закана за Наполи (Фото)

Со мечевите Емполи – Верона и Фрозиноне – Наполи кои почнуваат во 18.30 часот, денеска стартува новата сезона во италијанската Серија А.

Наполи кој е на тронот, повторно е еден од главните кандидати за титулата, но познато е дека потешко е да се одбрани отколку да се освои титула, сите ќе сакаат да му ги земат скалпот на првакот, а и ривалите веруваат дека се посилни.

Според квотите во Sport Life, прв фаворит за Скудетото е Интер, но блиску се Наполи и Јувентус, а шанса од втор план ќе бараат Милан, Рома и Лацио. Наполи ни во минатата сезона не беше главен кандидат, а издоминира и убедливо дојде до пехарот кој го немаше освоено 33 години.

Јувентус нема да игра во Европа и ќе биде фокусиран само на домашната лига, што е предност за нив. Интер направи многу промени во составот, Наполи има нов тренер, па сите аналитичари најавуваат неизвесна сезона.

Тажно е што после 30-тина години, првпат во Серија А ќе го нема харизматичниот фудбалер, подоцна и тренер, покојниот Синиша Михајловиќ.

- Оглас -

Најнови вести