Селтик или Глазгов Ренџерс? Тоа е вековната дилема кога се работи за фудбалското првенство на Шкотска. Шампионатот кој трае повеќе од 120 години, денеска започнува ново поглавје, а дилемата е иста. Двата најтрофејни клуба ќе тргна во борба за титулата.
Поради пандемијата со Коронавирусот, челницте на шкотскиот фудбал решија да го прекинат првенството, а Селтик како лидер да го добие шампионскиот пехар. Со тоа, Селтик само ја продолжи доминацијата која трае веќе девет сезони. Во овој период, Ренџерс претрпе голем финансиски удар и отиде во банкрот, па мораше да биде префрлен во четвртата лига, за да потоа постепено се врати во елитата, но засега без можност да ја прекине доминацијата на Селтик.
И покрај долгата апстиненција без титула, Ренџерс останува најтрофеен и има 54 титули во клупската историја, додека Селтик досега стигна до 51 трофеј во домашното првенство, што значи дека заедно имаат освоено 105 титули. Абердин, Хартс оф Мидлотан и Хибернијан имаат по четири титули, а Думбартон два пати бил првак. По една титула имаат освоено Мадервел, Килманрок, Данди, Данди јунајтед и Третиот Ланарк.
Според сегашната ситуација, Селтик повторно е фаворит за титулата, но Ренџерс сигурно ќе сака да ја прекине деветгодишната доминација на најголемиот ривал, па ќе биде навистина интересно првенство. Според доминацијата која ја имаат најтрофејните два клуба, јасно е дека во Шкотска речиси во секое коло ќе има барем по два сигурни меча за лесна прогноза.
Првенството на Шкотска стартува со еден интересен дуел меѓу Абердин и Ренџерс. Сите мечеви од ова првенсво ги имате на понудата за обложување на Sport Life.