19.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Почнува ракометно Европско првенство за жени

Денеска стартува женското ракометно Европско првенство кое до 20 декември ќе се одржува само во Данска, откако Норвешка се откажа од домаќинството поради корона-вирусот.

Тронот го брани селекцијата на Франција, која пред две години за првпат својата историја ја освои континенталната круна. Триколорките утре ја почнуваат одбраната на титулата во дуелот против Црна Гора, додека за денес се предвидени четири натпревари од групите Б и Д.

Премиерата е доделена на Романија и Германија од 18 часот, а 15 минути подоцна почнува дуелот меѓу вицепрвакот Русија против Шпанија. Од 20:30 часот на програмата се средбите меѓу Норвешка и Полска, односно Шведска и Данска.

Финалето на ракометното ЕП за жени е закажано за 20 декемри.

- Оглас -

Најнови вести