Сè уште се чека на првиот гол од игра на Лионел Меси во шпанското првентво (постигна само еден и тоа од пенал против Вилјареал), но неговата магија вчера не проработе, па Барселона издвои само реми на гостувањето кај Алавес.
Капитенот на Каталонците имаше неколку прилики да го прекине постот кои не ги искористи, а исто така не ја затресе мрежата во два счучаи кога гостите имаа слободен удар блиску пред шестнаесетникот на Алавес.
Меси промаши во двата случаи, па така неговата статистика дополнително се влоши. Имено, Меси во претходните 42 меча изведе 45 слободни удари, а само еден од нив резултираше со гол. Го постигна против Осасуна во ланската сезона, сите останати обиди завршија со разочарување.
Со оглед на тоа дека Меси е феноменален изведувач на директни прекини, овој неверојатен податок е дополнителен доказ дека не е на потребното ниво, а ќе мора што поскоро да се разигра и како лидер да ја крене екипата.