Баскет Кам го освои Суперкупот во женска конкуренција

Кошаркарките на Баскет Кам повторно го освоија Суперкупот на Македонија, откако во финалето беа подобри од Вардар со убедливи 63-44 и го одбранија трофејот.

Натпреварот започна израмнето. Првата четвртина заврши 19-13 во корист на Баскет Кам, а до полувремето следеше борбена игра по која тимот од Македонска Каменица замина со минимална предност од 25-24.

Клучот за победата беше третиот период, во кој шампионките одиграа феноменално и го добија со 24-7, целосно скршувајќи го отпорот на Вардар. Во последниот период без проблеми го задржаа водството и стигнаа до конечни 63-44.

Најзабележителни беа Димова со 20 поени и 16 скокови и Кметовска со 20 поени и 12 скокови, додека кај Вардар се истакна Пислевска со 12 поени.

Со ова Баскет Кам уште еднаш го потврди статусот на доминантна сила во женската македонска кошарка.

- Оглас -

Најнови вести