На тренинг центарот на Јувентус во Торино, најтрофејниот италијански фудбалски клуб ја победи Чезена со 3-1, а најголема полза за тренерот Масимилијано Алегри е тоа што виде дека за претстојната сезона може да смета и на 18-годишниот Аргентинец Матијас Суле, кој многу потсетува на неговиот сонародник Пауло Дибала.
Суле имаше гол и асистенција, па фановите на Јуве и италијанските медиуми најмногу се осврнуваат на играта на Суле, кој максимално ја искористи минутажата.
https://twitter.com/i/status/1418988780200026116