Подвиг на тенисерките што не беа носителки- Првпат играа заедно, си одат од Њујорк со гренд-слем пехар

Русинката Вера Звонарева и Германката Лора Зигмунд се новите шампионки на САД опен во женски двојки, откако вечерва во финалето на гренд-слемот ги победија со 2:0 Никол Мелихар и Ји-Фан Ксу.

Подвигот е исклучителен ако се знае дека новите шампионки во Њујорк не беа рангирани како носителки и за првпат играа заедно, па во деби настапот го освоија вредниот пехар.

Патем во четвртфиналето ги победија ланските шампионки Мертенс и Сабаленка, а на целиот турнир загубија само еден сет.

Вечерва во финалети ги добија двата сета со 6:4 и си ја збогатија колекцијата со нова титула на гренд-слем турнирите. Звонарева го играше третото финале на гренд-слем турнирите во женски двојки и секогаш играше со различни партнерки, а ова и е втор пехар.

Русинката има и два трофеи во мешани двојки. Зигмунд досега имаше само една титула, освоена во микс со Хрватот Мате Павиќ, исто така на САД опен, во 2016 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести