Пофалби од Рајковиќ за Нено, а Димитријевиќ со скромна изјава по рекордот на кариерата

Неверојатната партија на македонскиот репрезентативен кошаркар Ненад Димитријевиќ, кој во дресот на Уникс Казан даде дури 38 поени во дербито на ВТБ лигата против ЦСКА Москва, донесе неколку рекорди, меѓу кои и личен рекорд на Нено според ефикасноста во неговата клупска кариера.

По триумфот во Москва, каде што Нено имаше само две утки од вкупно 24-те шутеви за еден, два и три поени, тој остана скромен.

„Пред одењето во Москва, знаевме дека нè чека тежок натпревар. Пред еден месец ги победивме на гости, па се подготвувавме за тоа дека противникот ќе се појави екстра мотивиран. Наша задача беше да го контролираме скокот, што и го направивме, со исклучок на сегмент во втората четвртина. Мислам дека секој од момците направи одлична работа денес и придонесе за оваа важна победа“, рече Димитријевиќ.

Тренерот на ЦСКА, трофејниот македонски стручњак Емил Рајковиќ, призна дека биле немоќни против неговиот сонародник.

„Честитки за Уникс, особено за Димитријевиќ, кој беше незапирлив. Користивме различни типови на одбрана, различно браневме пик-ен-рол, се обидувавме да удвоиме, но секојпат тој брзо наоѓаше продолжение на нападот и играше ефективно еден на еден. Во клучните моменти Уникс и Димитријевиќ играа подобро“, рече Рајковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести