Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар го продолжи договорот со екипата на УАЕ Емирати до 2030 година, а италијанскиот весник „Газета дело спорт“ откри детали од договорот.
Погачар е велосипедистот кој доминира во светски рамки е и убедливо најскапоплатен во овој спорт. Со новиот договор, Словенецот во следните шест години ќе заработи дури 50 милиони евра, а има откупна клаузула од вртоглави 200 милиони евра.
Според договорот, Погачар годишно ќе заработува малку повеќе од осум милиони евра, што е добро зголемување на претходната сума, кога заработуваше шест милиони евра по сезона.
View this post on Instagram