Навивачите на Манчестер јунајтед со нетрпение го чекаат утрешниот ден, за кога Пол Погба најави нешто интересно. Очекувањата се дека утре тој ќе го продолжи договорот со Црвените ѓаволи за уште пет сезони. Интерес за него имаше од Реал Мадрид и Јувентус, но овие гиганти се оладија, а на Манчестер му тргна, се пласираше и во ЛШ, па Погба сега нема намера да ја менува средината.
„Утре“, напиша Погба и додаде емотикон од две очи.
Оваа најава на 27-годишниот француски плејмејкер многумина ја сфаќаат како најава за новиот потпис. Погба има договор до јуни 2021. Фановите на Јунајтед се разочараа дека клубот нема да го купи посакуваниот Џејдон Санчо, па ова ќе им биде утеха.
Но, некои шпекулираат дека Погба нема утре да го продолжи договорот, туку ќе промовира нови копачки или некоја мобилна апликација.