Во Sport Life во Гостивар синоќа е уплатен добитен тикет со 13 погодени пара и вкупна добитна квота дур од 5.659, но овој гостиварец испушти шанса да биде главен кандидат и за дополнителни 120.000 денари.
Уплатата од минимални 20 денари и точното прогнозирање на 13-те меча му донесе бруто-добивка од 113.190 денари, што е феноменална добивка.
Но, овој обложувач на потешкиот начин научи една важна лекција, дека кога се уплаќа тикет со 13 пара, подобро е сите квоти да бидат 1.40 или поголеми и да учествува во Среќна 13-ка, што кај него не беше случај. На мечот помеѓу женските тимови на Лион и Атлетико Мадрид, квотата е 1,38 и само за 0,02 не влезе во комбинација за месечната награда од 120 илјади.
Моментно водечкиот за декември во Среќна 13-ка има погодена вкупна квота од 769,6. Гостиварецот со над 5.600 ќе беше во убедливо водство и тешко дека до крајот на месецов ќе го надминеа.


