Дека мечот со најмал коефициент може да биде најнесигурен и токму тој да биде причина за недобитен тикет, покажува и ливчето уплатено во саботата во Скопје, кое е одиграно системски, но на крајот поради еден неверојатен кикс на голем фаворит не е добитно.
Вкупно 13 меча има на тикетот од кои шест се фиксови, а останатите седум се во системот кој гласи пет од седум. Во шесте дуели кои се во „столбот“ погодени се победите на Манчестер сити против Брајтон (3:1), Милан – Монца (4:1), Реал Мадрид – Севилја (3:1), РКЦ Вајвијк – Ајакс (1:4) и Борусија Дортмунд – Штутгарт (5:0).
Во системот од седум меча погодени се сите седум комбинации што се одиграни, а највозбудливо е погоденото англиско дерби меѓу Челзи и Манчестер јунајтед кое заврши нерешено. Меѓу овие седум меча има погдени големи квоти како 5.00, 4.95, 3.40, 2.85….
Тикетот е уплатен со само 100 денари, а максималната добивка носеше 234.533 денари. Фактот дека се погодени сите седум меча со големи коефициенти, ќе значеше и максимална добивка, но киксот на најголемиот фаворит на тикетот, ја скрати радоста за добивка.
Се работи за мечот меѓу Феенорд – Фортуна Ситард. Домаќините беа апсолутни фаворити, па затоа за „кецот“ квотата беше 1.23. Сепак, Фортуна водеше на полувреме со 1:0, а Феенорд во вториот дел успеа само да израмни на 1:1, но не и да направи целосен пресврт.
