Фудбалерот на Ривер плата, Франко Мастантуоно, влезе во историјата на аргентинскиот фудбалер, откако стана најмладиот фудбалер кој дебитирал за репрезентацијата на официјален меч.
Мастантуоно беше уфрлен во игра во 84-тата минута на дуелот против Чиле на гости, па со 17 години и 295 дена стана аргентински рекордер.
Фудбалерот е многу блиску до трансфер во Европа, а Ривер плата за него бара 40 милиони евра. Најсериозен кандидат е Реал Мадрид, од каде се подготвени да ја платат оваа сума, а според шпанските медиуми, прашање на време е кога трансфер ќе биде официјализиран.
Интер за Мастантуоно има и од ПСЖ, но се чини дека 17-годишниот фудбалер ќе го одбере „кралскиот“ клуб, без оглед што има можност да потпише за актуелниот освојувач на Лигата на шампионите.