Среда се покажа како многу среќен ден за двајца обложувачи кои уплатиле тикети во Sport Life во скопските населби Топанско Поле и во Драчево. На ливчето одиграно во Топанско, одиграни се 11 натпревари кои се одиграа во средата и сите се одиграни на иста тактика, а тоа е да има 2+ погодоци во првото полувреме.
На крајот, со влог од 50 денари, погоден е вкупен коефициент од 3.007, а на крајот нето-добивката е 127.831 денари. Интересно е дека се одиграни мечеви со сите можни лиги, па има мечеви кои започнале од 13 часот, а последните се во вечерните часови.
Сите погодени мечеви се со квоти кои се движат од 1.88 до 2.30. Колку и да има знаење во погодување на вакви тикети, сепак доказ е дека за вакви погодени неверојатни тикети потребно е и среќа.
Во Драчево е одигран тикет само со четири натпревари, и тоа сите се од четвртфиналето во Лигата на шампионите. На сите четири погодени е игрита полувреме-крај, а погоден е и бројот на постигнати голови.
Арсенал со 3:0 (0:0) го победи Реал, Баерн Минхен дома загуби од Интер со 1:2 (0:1). Барселона беше убедлива против Борусија Дортмунд и откако на полувреме водеше со 1:0, на крајот славеше со 4:0. ПСЖ со 3:1 ја победи Астон вила откако на полувреме беше нерешено 1:1.
Овие резултати беа таман за да може со влог само од 100 денари да се добијат речиси 38.000 денари.