„Поголемиот брат“ е очекуван победник во историскиот меч

МЗТ Скопје Аеродром го победи МЗТ Скопје Уни банка со 108-77, во првиот меч од второто коло во првата кошаркарска лига на Македонија. Ова беше историски натпревар, бидејќи за првпат се случи на прволигашки меч во машка конкуренција, еден против друг да се сретнат два тима од ист клуб.

И пред мечот се знаеше победникот, искуството и квалитетот се далеку на страната на првиот тим на МЗТ, кој сезонава не знае за пораз, но исто како и против Работнички во првото коло, младите донекаде се држеа во првоо полувреме, пред да паднат во второто.

Андреј Маслинко со 27 поени и 15 скока беше доминантна фигура на мечот. Двоцифрен број на поени имаа и Магдевски, Николов, Мамузиќ, Димитровски и Морнар. Сите тие освен Магдевски, немаат преголема минутажа, и овој меч беше како порачан за нив. На МЗТ му претстои дуел со Борац Чачак во АБА 2, па затоа тренерот Кочов ги одмораше Стојановски, Симоновски, Омот и Хиндс.

Кај младиот тим на МЗТ се истакнаа Леонид Тодоровски со 19 и Борјан Стојановски со 15 поени. Во МЗТ Уни банка, има по еден играч родени во 1998 и 1999, се други се 2000 годиште и помлади.

- Оглас -

Најнови вести