Поинаква е приказната без Лазаров, Стоилов и Миркуловски – Данска нѐ прегази за едно полувреме

Многу поинаква е македонската приказна во Алборг, без Кирил Лазаров, Стојанче Стоилов и Филип Миркуловски, а светскиот првак Данска го користи нашиот хендикеп и води убедливо со 17:10 по првото полувреме.

Само три дена подоцна, откако Македонија направи сензација и го победи актуелниот светски првак во Скопје со 33:29, денеска на теренот во Алборг ситуацијата е сосема поинаква.

Данците направија серија од 5:0 до средината на полувремето и поведоа со шест гола разлика, а потоа успеаја и да ја зголемат предноста на 7 гола по првото полувреме.

Македонија во еден дел од првото полувреме не постигна гол цели 8 минути, што им донесе голема предност на домаќините.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести