20.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Покажаа дека се експерти на „До 50 шанси за 100.000 денари“, а сега оптимистички најавија: На ред е освојување 10 милиони денари или станот на Водно!

Премија од 100.000 денари си заработи Бобан Блажески како победник на првата од осумте етапи во новата игра на Sport Life „До 50 шанси за 100.000 денари“. Бобан состави речиси перфектен тикет откако на 50 одиграни натпревари, погодени му беа 45, а дури 44 беа со коефициент над 1,30, што беше доволно да стигне до првото место во претходната недела. Зад Бобан се најдоа Александар и Наум, триото кое обезбеди и директно место во финалето на Типстер купот и сега сите тројца ќе бидат во трка за освојување и на премијата, а тоа е стан на Водно.

СЛЕДНА ЦЕЛ НА ШАМПИОНОТ Е ОСВОЈУВАЊЕ НА МАКСИМАЛНИТЕ 10 МИЛИОНИ ДЕНАРИ

Освен што беше единствен со 44 погодени меча во играта „До 50 шанси за 100.000 денари“, Бобан имаше погодено и неверојатен коефициент. Збирот на погодените мечеви беше со коефициент 9.029.380. Шампионот вели дека мора да се има среќа за да се погодат толку средби.

„Половина од мечевите ги знаев, а другите ги одбрав на среќа. Сепак, многу се 50 меча. Барав реален коефициент што ќе биде во игра. Ова досега е моја најголема добивка во Sport Life. Играта навистина е возбудлива затоа што и да имаш промашено меч, остануваш во трка за добивка. На тикетот имав само пет промашени и сите беа за по еден гол, што значи дека бев многу блиску и до освојување на 10 милиони денари. Сега, кога освоив 100.000, следната цел е да бркам 10.000.000 денари“, ни изјави победникот Бобан Блажески, чиј победнички тикет може да го видите тука.

ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ПРЕКУ ТИПСТЕР КУПОТ ДА СЕ СТИГНЕ И ДО СТАНОТ НА ВОДНО

Второто место во првата етапа му припадна на Александар Златевски, кој имаше 43 погодени мечеви и за тоа доби ваучер од „Техномаркет“ во износ од 25.000 денари. Ваучерот за Александар доаѓа во вистинско време затоа што планирал да се поднови со сараунд систем.

„Реално, не очекував да погодам толку мечеви. Тикетот го направив минатиот петок, и тоа на мечевите што останаа од тој ден и некои од саботата. Гледав да бидат со коефициент над 1,30 за да се исполни условот за игра. Тактиката ми беше да играм на голови. Речиси сите дуели ги прогнозирав од 2-5 гола, а имав некои со 2-4 и 3+. Од претходно планирав да се подновам со сараунд систем и ваучерот доаѓа во вистинско време. Ова е вистински подарок од Sport Life. Интересно е што шест меча кои ми беа промашени на полувреме беа со резултат 1:0 и во вториот дел немаше ниту еден погодок на тие натпревари, инаку бројот на погодени дуели ќе беше уште поголем. И вака сум задоволен, посебно што сега имам и директно место во финалето на Типстер купот“, вели второпласираниот Александар.

НИШТО НЕ Е НЕВОЗМОЖНО

Со 43 погодоци беше и Наум Аиноски, но за разлика од Александар, третопласираниот имаше помал погоден коефициент на точно прогнозираните мечеви. Збирот на погодените типови на Александар беше со коефициент 6.437.267, додека Наум имаше вкупен погоден коефициент од 640.483, па заврши како трет.

Сепак, и подарокот за Наум е одличен. Тој доби Ваучер од 200 денари за секој ден во наредните триесет дена.

„Ништо не е невозможно. Уплаќаме за да добиеме. Немав стратегија при одбирањето на мечевите, тоа е чиста среќа. Гледав да наредам 50 меча што ќе имаат над 1.30 коефициент. Малку фалеше да имам и 44 погодени, но во 92-рата минута падна гол на еден меч и тој се покажа како недобитен пар. Играм во Sport Life, знам дека сега сум финалист и во Типстер купот, па влегувам во игра и за освојување стан на Водно. Знам дека ќе биде многу тешко да се стигне до освојување на станот, но ништо не е невозможно. Ако и тоа се случи, ќе морам од охриѓанец, да станам скопјанец“, низ шега ни изјави третопласираниот Наум.

Во полн ек е втората етапа од играта „До 50 шанси за 100.000 денари“, која може да ја играте доколку тикетот ви е уплатен на Sport Life картичката. Доколку немате СЛ картичка, може бесплатно да ја извадите во кој било објект на Sport Life обложувалниците.

- Оглас -

Најнови вести