Ливерпул и Тотенхем се подготвени за вечерашниот меч по кој треба да биде познат новиот европски првак. Англиските гиганти ќе играат на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, а тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино веќе доби една „битка“.
Аргентинецот побара од УЕФА, а европската федерација неодамна одобри, пред почеток на мечот, клубовите да може да се фотографираат и тоа не само стартните тимови, туку и резервните играчи.
„Пред неколку недели предложив да може на фотографијата пред мечот да биде заедно и со играчите кои ќе бидат резерви. Така, сите играчи ќе имаат можност да бидат дел од теренот, но и да бидат дел од фотографијата која засекогаш ќе се памти“, рече Покетино.
Од УЕФА објаснија дека клубвите имаат дозвола за фотографирање заедно со резервните играчи. но самите треба да решат дали ќе има една таква групна фотографија или сепак, повторно ќе се фотографираат само стартерите.