Моментот кога семафорот покажа дека голот на Стерлинг за 5-3 е офсајд предизвика лавина од емоции во редовите на Тотенхем. Судијата Чакир со помош на ВАР-технологијата потврди дека Агуеро при постигнувањето на погодокот, бил во недозволена позиција, па „петлите“ се најдоа меѓу четирите најдобри екипи во Европа, а во полуфиналето ги очекува двомеч со Ајакс.
„Пресреќен сум, но пред сè горд на своите играчи. Тие се моите херои, се радувам повеќе и од навивачите. Во еден момент низ главата ми поминаа мал милион мисли. Прво шок, разочарување, а потоа ја сменија одлуката во наша корист. Поради вакви моменти го сакаме фудбалот. Беше тоа неверојатен меч, покажавме голем карактер. Ја сум најсреќниот човек на светот во моментов“, истакна Покетино по мечот.
Екипата од северен Лондон за првпат по 57 години успеа да се пласира во полуфинале на едно европско клупско натпреварување.