Кој чека, ќе дочека – Тотенхем по 57 години е меѓу четирите најдобри

Тотенхем по вторпат во својата клупска историја е полуфиналист во најсилното клупско натпреварување во Европа, а првпат откако се игра по форматот Лига на шампиони. Во Купот на европските шампиони, лондонските „петли“ играа полуфинале во далечната 1962 година.

Пред 57 години, тие се сретнаа со Бенфика и беа поразени, а лисабонскиот тим стана шампион таа година со победа над Реал Мадрид во големото финале. Оваа пауза од 57 години од едно до друго полуфинале е најдолга во историјата на КЕШ и ЛШ.

Полуфиналната двојка Тотенхем – Ајакс е најнеочекуваното полуфинале од она во 2006 помеѓу Арсенал и Вилјареал. Тотенхем и Ајакс беа во третиот шешир при ждрепката за групната фаза, па и тоа оди во прилог дека нивното место во полуфиналето е изненадување на хартија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

2 КОМЕНТАРИ

Коментарите се затворени.

- Оглас -

Најнови вести