Во 21 часот стартува последното коло во Лига 1 по кое ќе се знае новиот шампион во Франција. Лил е лидер со 80 бода, односно еден бод повеќе од бранителот ПСЖ. Данските доги се на добар пат да ја прекинат доминацијата на Светците, кои последен пат без титулата останаа во сезоната 2016/17 кога шампион беше Монако.
Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, со утешна изјава тврди дека нема да биде неуспех доколку гигантот од Париз не ја одбрани титулата.
„Од клуб каков што е ПСЖ се очекува напад на сите фронта секоја сезона. Кога еден гигант нема да победи, тогаш тоа се смета за разочарување. Па, ние сме во ситуација од која можеме да бидеме разочарани, а не да се смета дека сме претрпеле неуспех во одбраната на титулата. Тука има голема разлика, зборот „неуспех“ е премногу тежок. Нам секако ни останува да ги освоиме бодовите против Брест и да се надеваме дека Лил нема да слави против Анже“, истакна Покетино.
Аргентинскиот стратег уште чека на прва лигашка титула во највисок ранг на натпреварувањата на Стариот Континент.