Маурисио Покетино имаше успешно деби на клупата на САД и на контролен дуел против Панама победи со 2-0. Аргентинецот треба да биде едно од најголемите засилувања за домаќинот на следното Светско првенство и од него се очеува многу.
Резултатот го отвори Муса во 49-тата минута, а конечните 2-0 ги постави Пепи во 94-тата минута. Селекцијата на САД за три дена ќе одигра контролен дуел и против Мексико.
Вториот домаќин на Светското првенство, Мексико, одигра чуден контролен меч и тоа против екипата на Валенсија. Шпанците без фудбалерите кои се повикани за настап во репрезентацијата успеаја да останат непоразени и да одиграат 2-2, откако Мексико имаше водство од 2-0 после само 30-тина минути игра.