12.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Покрај шест милиони долари, Синер од Саудијците доби и златен рекет тежок три килограми (Видео)

Јаник Синер е победник на престижниот егзибициски турнир „шест кралеви“ кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија, откако во финалето без многу проблеми го победи Карлос Алкарас.

Италијанскиот тенисер доминираше на теренот и на крајот славеше со 6:2 и 6:4, за победа на турнирот на кој учествуваа шестмината најдобри тенисери во моментов.

Иако овој турнир не е вметнат во АТП календарот, сепак, секој сака да го освои и тоа поради наградниот фонд кој го нудат организаторите. Сите шестмина учесници на турнирот добиваат 1,5 милиони долари за самото присуство, додека победникот на крајот заработува неверојатни шест милиони долари.

Колку за споредба, највреден гренд-слем турнир е САД опен каде победникот добива пет милиони долари, а тука паричната награда е еден милион долари повеќе.

Освен паричната награда, Синер беше изненаден од организаторите и со добивање на златен рекет, направен од чисто злато, тежок речиси три килограми. Овој рекет достигнува цена и до 250.000 долари.

 

- Оглас -

Најнови вести