Покрената петиција: Скудетото да се додели на Аталанта

Анонимец во Италија покренал петиција да се додели Скудетото на Аталанта доколку сезоната не се продолжи. Бергамо најмногу страда од Коронавирусот, од вкупно 15.362 загубени животи до денес, дури 4.500 жители на Бергамо починаа од вирусот, голема бројка за град од 120.000 жители.

Токму поради тоа е покрената петицијата, но воедно е наведен остварениот успех на Аталанта во оваа и претходната сезона, испишувајќи историја со пласманот во Лигата на шампионите и влезот во топ 8 фазата пред да се прекине сезоната.  Доделувањето на шампионската титула ќе биде како потврда за тој успех, но и фактот што Бергамо најмногу страда од сите градови во Италија.

Пред прекинот на Серија А, Аталанта стоеше на четвртото место на табелата со 48 бода по 25 одиграни меча, додека избраниците на Џампјеро Гасперини се најефикасни во шампионатот со 70 постигнати погодоци.

- Оглас -

Најнови вести