Сурова казна – Украинците претераа и го избришаа Тимошчук, соработувал со окупаторот

Украинската фудбалска федерација донесе чудна и политичка одлука, а настрада спортист, и тоа познат.

Поранешниот репрезентативец Анатолиј Тимошчук, кој е и рекордер со 144 настапи за националниот состав, е избришан од регистарот и сега не постои за Украина.

Тоа значи дека рекордот се брише, не важат ниту трофеите што ги освојувал Тимошчук, а образложението е дека соработувал со окупаторот, Русија.

Анатолиј е помошник-тренер во рускиот Зенит од Санкт Петербург и одби да го напушти тимот по руската инвазија на Украина.

Беше и цел на жестоки критики, го нарекуваат предавникот на Украина, но не ја смени одлуката, па сега доживеа и со одлука што личи на политичка да биде казнет и избришан од историската книга на украинскиот фудбал.

Тоа значи дека сега Андриј Шевченко е рекордер со 111 настапи за Украина, а втор е Андриј Јармоленко со 106, пред Андриј Пјатов со 101 настап за националниот состав.

 

 

- Оглас -

Најнови вести