Полицијата имаше работа за време и по завршување на дуелот меѓу Вардар и Ла Фиорита. Според извештајот на Министерството за внатрешни работи, три лица биле приведени поради нарушување на јавниот ред и мир.
„На 10.07.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Ф.Д.(19), М.Г.(18) и А.З.(27), сите од Скопје, поради тоа што за време и по завршување на фудбалски натпревар на aрената „Тоше Проески“ во Скопје фрлале тврди предмети кон полициски службеници, лица во публиката, како и лица учесници на натпреварот. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, се вели во билтенот на СВР Скопје.
Вардар со 3:0 славеше над ривалот од Сан Марино и на гостувањето следниот четврток ќе треба да го потврди пласманот во второто квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.