Полјаците ја заборавија Ага, хит на Ролан Гарос е Ига (Видео)

Полска има нова голема тениска надеж, а замена за веќе пензионираната Ага Радванска е Ига Свјонтек, 19-годишната девојка од Варшава, која вечерва успеа да се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос.

Во меч што траеше само еден час и 20 минути, Свјонтек ја прегази Мартина Тревизан и ја заврши нејзината бајка на Ролан Гарос, а ја продолжи својата со шанса и да настапи во финалето.

https://twitter.com/rolandgarros/status/1313564794012696583?s=20

Ига славеше со 6:3, 6:1 и за прво гренслем-финале во кариерата ќе игра со уште една сензација Надја Подороска од Аргентина, која е најслаборангираната тенисерка што остана во игра за титулата кај дамите.

Подороска, која е 131-ва на ВТА-листата денеска со 6:2, 6:4 ја елиминира третата носителка Свитолина, а и 23-годишната Аргентинка за првпат ќе игра полуфинале на еден од четирите најценети турнири на светот.

Утре се играат преостанатите две четвртфиналиња меѓу Петра Квитова и Лаура Зигмунд, односно Даниеле Роуз Колинс со Софија Кенин.

 

- Оглас -

Најнови вести