Повредата на голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Браут Халанд, може да се покаже многу потешка од првите прогнози. Од Борусија рекоа дека Норвежанецот нема да игра во следните три недели, но поранешниот фудбалер, Јан Аге Фјортофт, кој е близок пријател на семејството Халанд, вели дека голема е веројатноста Халанд да не игра веќе до крајот на 2021 година.
Халанд пропушти три меча на Борусија, потоа се врати при дебаклот од Ајакс во Лигата на шампионите и на тој меч повредата на мускул во колкот беше обновена, па Халанд не играше против Арминија.
„Дуелот со Ајакс може да е последен за Ерлинг годинава“, изјави Фјортофт за норвешка телевизија.
Ако навистина норвешкиот напаѓач не може да игра до крајот на годинава, тоа ќе значи дека Борусија ќе треба да настапи на 12 меча без својот прв стрелец. Од клубот на Халанд не сакаа да шпекулираат и работата им ја оставаат на лекарите кои уште не се изјасниле.