7128 Ига Швјонтек – Џесика Пегула (Тенис, Ролан Гарос, 13.30 часот)
Полската тениска сензација немилосрдно ги декласира ривалките на тениските турнири и има импресивна серија од 32 победи.
Ига Швјонтек ја брани титулата на Ролан Гарос, а не е поразена од февруари и како што игра, повторно е топ-фаворит за круната на парискиот гренслем.
Џесика Пегула за првпат игра четвртфинале на Ролан Гарос, а има добар биланс против полската тенисерка.
Досега одиграа два меѓусебни дуели и скорот е 1:1 во победи, а и на двата дуели имаше повеќе од 18 гема.
Тоа и сега ќе биде нашиот избор во комбинација со победа на актуелната шампионка во Париз.
Предлог тип: 1&>18.5 гема (2.00)
7001 Андреј Рублев – Марин Чилиќ (Тенис, Ролан Гарос, 15 часот)
Чилиќ ја приреди најголемата сензација досега на Ролан Гарос со убедливата победа против вториот носител Данил Медведев.
Често го критикуваат дека знае да загуби добиен меч, но Хрватот има одлична кариера со една гренслем-титула во 2014 година на Отвореното првенство на САД и две финалиња, по едно на Вимблдон и на Отвореното првенство на Австралија.
Ако одигра како против Медведев, кога функционираше како часовник, Чилиќ може да се надева на полуфинале, што би му било најголем дострел на турнирот во Париз.
Рублев е еден од предводниците на новиот тениски бран и игра одлично, а од него се очекуваат и гренслем-титули.
Рускиот тениски ас има одличен биланс против Чилиќ, води со 6:2, но на земјена подлога е 1:1.
Ова е животна шанса и за двајцата тенисери да играат финале на Ролан Гарос бидејќи се во полесниот дел од ждребот и би играле против Каспер Руд или Холгер Руне за пласман во самата завршница.
Очекуваме долг меч со повеќе од 38 гема.
Предлог тип: >38.5 гема (1.85)
6101 Полска – Велс (Лига на нации, 18 часот)
Велс ќе игра во Вроцлав против Полска, а ќе мисли на многу поважниот меч против Шкотска или Украина во Кардиф во недела, што може да им донесе настап на Мундијалот во Катар.
Полска веќе се пласира на Светското првенство, Велс се надева дека дома ќе ги победи Шкотска или Украина за да им се приклучи, па некако премиерниот меч за Змејовите во Лигата на нациите е во втор план.
Можно е и да ги чуваат главните адути за в недела, па Полска е фаворит на домашен терен.
Сезоната на клупски план само што заврши, фудбалерите се преморени, па чудна е одлуката на УЕФА за Лигата на нациите да почне во јуни, и тоа со по 3-4 натпревари на секоја репрезентација.
Предлог тип: 1Х&0-3 (1.56)
6051 Шкотска – Украина (Бараж-полуфинале за СП во Катар, 20.45 часот)
Конечно ќе се игра последниот полуфинален бараж-меч во Европа за настап на Светското првенство во Катар.
Првично беше закажан за во март, но поради војната во Украина, овој дуел беше пролонгиран.
Ќе има многу емоции на „Хемпден парк“, особено кај гостите, кои се во специфична ситуација.
Шкотска е незгодна на свој терен, а на Националната арена во Глазгов ретко губи.
Важноста на мечот е исклучително голема, кој загуби нема да патува на Мундијалот во Катар, па очекуваме решение во второто полувреме со повеќе голови од првиот дел.
Предлог тип: 2>1 (2.08)
6000 Италија – Аргентина (Финалисима, 20.45 часот)
Популарната Финалисима, или меч на актуелниот европски првак со шампионот на Јужна Америка пак ќе се игра по пауза од речиси три децении.
Аргентина и Данска играа последни во ваков спектакуларен дуел во 1993 година и славеа Гаучосите, па Лео Меси и соиграчите на некој начин го бранат пехарот.
Ќе се игра на „Вембли“ во Англија, а и тука ќе има многу емоции бидејќи за последен пат за Аѕурите ќе игра Џорџо Кјелини, а можеби и уште некој италијански репрезентативец ќе се збогува со настапите за својата земја.
Двата гиганти на светскиот фудбал ги имаат сите можни титули, па ова ќе биде меч за уживање и типуваме најмалку со 3 гола.
Предлог тип: 3+ (2.40)