Кога денеска би се направила ждрепка за баражите за СП во фудбал, можни ривали на Македонија би биле Италија, Турција, Украина и Полска.
До вчера, во тој замислен прв шешир беше и Велс, но сега Полска има голема шанса да заврши таму, а Велс може да падне дури и во четвртиот.
На Полјаците им треба четири бода од мечевите со Холандија и Малта за да бидат во првиот шешир при ждрепката за баражот. Проблем за Велс е што загуби од Белгија, а плус тоа загуби и на пријателскиот меч со Англија. Полска играше контролен меч со Нов Зеланд и си ја подобри бодовната состојба на рејтингот.
Македонија сигурно ќе игра бараж, дилемата е само дали преку Лигата на нациите, и во таков случај би биле во четврти шешир, или ќе бидеме втори во групата зад Белгија, а пред Велс и преку квалификациите за СП би отишле во бараж, тогаш би биле во третиот шешир според рејтингот што го имаме.