33.8 C
Skopje
среда, 16 јули 2025

Полска добива нов селектор откако претходниот имаше скандал со Роберт Левандовски

Јан Урбан наскоро ќе биде именуван за нов селектор на полската фудбалска репрезентација, пренесуваат медиумите во оваа земја. Тој ќе ја преземе функцијата по оставката на Михаел Пробиеж, кој се повлече поради скандал поврзан со најголемата ѕвезда на репрезентацијата, Роберт Левандовски.

Урбан и неговиот стручен штаб ќе бидат официјално претставени утре на прес-конференција.

Досега Урбан беше тренер на полскиот прволигаш Горњик Забже, но по две средби со претседателот на Фудбалската федерација, Цезари Кулеша, бил постигнат договор за негово преземање на репрезентацијата. Се очекува во неговиот тим да биде вклучена и легендата Јозеф Млинарчик, кој ќе биде задолжен за голманите. Јацек Маѓера, кој исто така беше кандидат за селектор, најверојатно ќе биде прв помошник на Јан Урбан.

Полската репрезентација својот следен натпревар ќе го одигра на 4 септември против Холандија, во квалификациите за Светското првенство следната година.

- Оглас -

Најнови вести