По одигрувањето на второто коло од групата Д на ЕВРО 2024, стана јасно дека Полска е првиот официјално испаднат тим од шампионатот во Германија.
„Дружина Полска“ ги загуби двете средби, од Холандија со 1-2 и Австрија со 1-3, а до крајот на борбата во групата останува само уште едно коло.
Како што е познато, првите две екипи, а можеби и третата, доколку е една од екипите со најдобри показатели на оваа позиција, продолжуваат за осминафиналето на турнирот.
Во последното коло Полска се соочува со Франција, што значи дека дури и да победат, а Австрија да загуби од Холандија, Полјаците ќе бидат израмнети со Австријците, но ќе останат на последното место во групата.
„Не освоивме ниту еден поен, а за нас тоа, се разбира, е срам. Ние разбираме дека сè не требаше да функционира на овој начин. Има многу фактори за неуспехот“, изјави најдобриот полски фудбалер Роберт Левандовски кој штотуку закрепна од повредата и од 180 можни минути на двата меча на ЕП, одигра само 30.