Полска има нов селектор, Левандовски не е пресреќен од изборот

Фудбалската федерација на Полска го одреди 50-годишниот Михал Пробиеж за нов селектор на репрезентацијата и задача ќе му биде да ги однесе Полјаците на ЕП 2024.

Пробиеж беше селектор на младата репрезентација, а во А тимот доаѓа на местото на Португалецот Фернандо Сантош. Пробиеж дебито како селектор на Полска ќе го има за три недели, во октомври имаат дуели со Фарски Острови и Молдавија, коишто мора да ги добијат за да ја подобрат ситуацијата на табелата.

Полска е дури на четвртото место во групата Е само со 6 бода од пет меча. Тимот е на четири бода зад лидерот Албанија и на два бода зад Чешка (Чесите имаат и еден мел помалку) и Молдавија.

Најдобриот полски фудбалер, Роберт Левандовски, неодамна го прашаа кој од тројцата кандидати треба да биде селектор и не даде директен одговор, но индиректно посочи друг стручњак, не Пробиеж, а кога доби прашање за Пробиеж, даде политички одговор дека кој и да биде селектор, тој секогаш ќе дава максимум на теренот.

- Оглас -

Најнови вести