Полска ова го чекаше 48 години, последен ривал за освојување на златото ќе им биде домаќинот

Репрезентациите на Полска и на Франција ќе играат во финалето на одбојкарскиот турнир на ЛОИ 2024. Полска по пауза од 48 години е избори да игра во меч за олимписко злато и тоа откако по голема борба со 3:2 во сетови славеше над САД.

Полска го освои првиот сет со 25:23, а потоа возвратија Американците со 27:25. Во третиот сет целосна доминација на Американците кои го добија сетот со 25:14, но Полска не се предаде. Во четвртиот сет по голема драма, Полјаците го добија со 25:23, а во решавачкиот петти сет фаворизираната Полска беше подобра со 15:13.

Франција имаше многу полесна задача и со 3:0 во сетови ја победи Италија и тоа со 25:20, 25:21 и 25:21.

- Оглас -

Најнови вести