Аргентина – Австралија и Франција – Полска се четвртфиналните двојки по денешните натпревари на Светското првенство во фудбал.
Вечерва во Катар се одвиваше вистинска драма, Полјаците загубија со 0-2 од Аргентина и сериозно „висеа“, а Мексико до пред крајот водеше со 2-0, но му требаше и трет гол бидејќи Полска има помалку жолти картони и според ферплејот како критериум бидејќи беа изедначени во бодови и голови, ќе одеше во осминафиналето.
Саудиска Арабија во судиското продолжение даде гол и ги реши дилемите, Мексико остана без пласман меѓу 16-те најдобри.