Уште неколку часа има до крајот на преодниот рок во Европа, а најнеобичниот трансфер доаѓа од Полска. Екипата на Весло која се натпреварува во седмата лига успеа да постигне договор со Бонјанги Ове. Тоа е напаѓач кој има играно за некогашниот африкански првак Мазембе.
Ове самиот би иницијатор за трансферот. Контактирал со играчот на Весло, Фундамбу кој доаѓа од Конго, а со кого се познава од времето кога играле заедно во У20 селекцијата на оваа африканска земја. Фундамбу му објаснил на Ове дека условите во клубот се добри и дека би било добро и тој да дојде во седмолигашот од Полска.
Ове го сметаат како еден од најголемите таленти на Мазембе и според многумина, без проблем би можел да игра дури и во првата лига на Полска, а не па во седмолигаш. Договорот е потпишан на пет сезони, а на навивачите на Весло им било објаснето дека во клубот доаѓа фудбалер како да играл во Јувентус во Италија.
Колку за потсетување, Мазембе е 17-кратен првак на Конго, а три пати ја освоиле африканската Лига на шампион. Минатата сезона Мазембе играше во полуфиналето од ЛШ. Ове лани играше во Мазембе, но откако беше доведен друг напаѓач, Ове го загуби местото во тимот, па реши да направи трансфер во Европа.