Полски тенисер на Вимблдон ќе сервира за помош на Украина

Хуберт Хуркач како седми носител на Вимблдон одлучи да покрене хуманитарна акција за помош на Украина.

Имено, полскиот тенисер ќе го искористи своето најдобро оружје, сервисот, да собира донации кои ќе се наменат за жртвите од војната во Украина. При секој добиен ас сервис, Хуркач ќе донира по 100 евра на украинскиот народ.

Инаку Хуркач е еден од најдобрите сервисери во тенисот моментално. Оваа сезона на АТП турнирите забележа 450 ас поени.

Во меѓувреме, Полјакот денес го почна првиот дуел против Давидович Фокина, но при резултат од 3-3 во првиот сет, мораше да се прекине мечот поради дожд, кој се продолжи пред неколку минути.

- Оглас -

Најнови вести