Полуфиналистите веќе заработија над 115 милиони евра, Динамо стигна до 40 милиони од настапот сезонава

Пари Сен Жермен и Арсенал сонуваат дека ова ќе биде нивна сезоан и за прв пат да станат европски прваци. За разлика од нив, Барселона и Интер многу добро знаат како се освојува континенталниот трон.

Од УЕФА објавија колку се парите што досега ги заработија сите учесници во ЛШ сезонава. Сите полуфиналисти имаат над 115 милиони евра заработка досега, а прв на листата е Пари Сен Жермен.

Од оние кои се елиминирани, Баерн Минхен, Борусија Дормтунд и Реал Мадрид ја надминаа границата од 100 милиони евра. Интересно е дека Динамо Загреб стигна до речиси 40 милиони евра и на 29-тото место на листата од сите 36-учесници.

- Оглас -

Најнови вести