Кинсли Волански е девојката која се прослави откако втрча на теренот во Мадрид за време на финалето од Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Тотенхем. Таа тогаш успеа да му побегне на обезбедувањето и да дојде до центарот на игралиштето пред да биде фатена.
Кинсли беше облечена во костим за капење, а со својата провокативност го сврте вниманието врз себе и стекна светска популарност. Акцијата од влегувањето на теренот на убавата Кинсли може да ја видите ТУКА.
Подоцна истата девојка сакаше да го прекине и финалето на Копа Америка, на кое Бразил стигна до титулата за најдобра селекција во Јужна Америка. Иако Волански беше маскирана, обезбедувањето на финалето успеа да ја препознае и да ја спречи да влезе на стадионот.
Сега девојката имаше нова мисија, и тоа успешна. Реши од фудбалските терени да се префрли на зимските спортови. На слаломот во австрискиот Шладминг, Волански речиси разголена се појави на снегот и на целната линија. Девојката втрча во целта непосредно пред целната линија да ја помине Алекс Винатзер од Италија.
https://twitter.com/i/status/1222257647497416704
Првичното време на италијанскиот скијач покажа дека е прв со 56 стотинки подобро време од водечкиот, но сепак тоа беше времето активирано од втрчувањето на девојката на целната рамнина. Компјутерот за брзо време се исправи и Винатзер всушност имаше заостанување за 13 стотинки во однос на водечкиот скијач, а на крајот заврши како шести. Победник на трката беше Норвежанецот Кристоферсен.
Волански со себе носеше транспарент на кој пишуваше „RIP Коби“ во чест на трагично загинатата НБА ѕвезда.