Полупрофесионален тим испишува историја во ФА Купот, но беше шокиран во 95 минута (Видео)

Екипата на Врексам која се натпреварува во Националната лига (летта лига во Англија), испишува историја во ФА Купот. Иако тоа е клуб кој се натпреварува во полупрофесионална лига, игра одлично во најстарото натпреварување во светот, а денеска на свој терен одигра 3:3 против Шефилд јунајтед.

Врексам е првиот клуб кој не се натпреварува во една од првите четири професионални лиги во Англија, што успеал да постигне 3+ голови во четири кола во ФА Купот.

Шефилд јунајтед поведе со 1:0, потоа Врексам даде два гола, а гостите израмнија на 2:2. Во 86 минута Мулин доведе нова предност од 3:2 за Врексам, но во 90+5 минута, Шефилд стигна до 3:3 и се спаси од елиминација. Повторениот меч ќе се игра на теренот на Шефилд јунајтед.

https://twitter.com/i/status/1619771019274907649

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести