Ракометната репрезентација на Македонија ги има посакуваните плус два гола на одлучувачниот меч за пласман на Европското првенство против Литванија. Нашите ракометари после првиот дел во „Јане Сандански“ имаат водство од 13-11, токму онолку колку што ни е потребно за ново учество на големите натпреварувања.
Мечот започна лошо за Македонија, со оглед на тоа дека Литванија отвори со 0-4 на стартот. Сепак, во продолжение избраниците на Кирил Лазаров резултатски се вратија, а првото израмнување беше кога на семафорот имаше две седумки, 7-7.
Македонија првпат дојде во водство во 21-вата минута, со 9-8, а потоа дојдовме и до +3 разлика, 13-10. На крајот, Литванците постигнаа гол за намалување на 13-11 од пенал.
Мартин Серафимов со три погодоци е најефикасен после првите 30 минути, а Кузмановски и Ивановски погодија по двапати.