Полувреме во Хамбург: И на петтиот натпревар на ЕП има најмалку два гола во првиот дел (Видео)

Репрезентациите на Полска и Холандија го задржаа нивото кое го поставија селекциите кои веќе настапија на Европското првенство и постигнаа два гола во првото полувреме. Ова е петти натпревар на континенталниот собир на кој има најмалку два погодоци во првиот дел.

Изненадувачки Полска, која мечот го започна без Роберт Левандовски, од својот прв шут на натпреварот дојде до водство од 1-0 против фаворитот. Адам Букса во 16-тата минута скокна највисоко во холандскиот шеснаесетник после корнерот на Зиелински и го совлада Вербруген.

На израмнувањето не се чекаше долго, бидејќи фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, во 29-тата минута со мала помош на полска одбрана успеа да го совлада Шчесни и да ги постави конечните 1-1 на полувремето.

Општиот впечаток од првото полувреме е дека Холандија е подобриот противник, напаѓаат и се обидуваат да го загрозат голот на Полска. На спротивната страна, полјаците се ориентирани повеќе на одбраната, а голот на Вербруген се обидуваат да го загрозат преку брзи противнапади и од прекини.

- Оглас -

Најнови вести