Полувреме во “Јане Сандански“: Вардар иако тргна фуриозно, на паузата оди со “само“ +3

Екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер играат неизвесно прво полувреме во СЦ “Јане Сандански“ во второто големо дерби на мак-ракометот оваа оваа сезона, но прво за бодови.

Вардар на полувремето има водство од 15-12, иако мечот го започна фуриозно и имаше водство од 6-1, 7-2 и 8-3, но битолчани во продолжение искористија неколку грешки на домашните и со брзи погодоци се вратија во игра намалувајќи на само два разлика. На крајот на полувремето, Вардар има предност од три голови, но се ќе биде решено во второто полувреме.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести