Полувреме во Минхен: ПСЖ е на 45 минути од историја (Видео)

Фудбалерите на ПСЖ имаат убедливи 2-0 против Интер во финалето од Лигата на шампионите во Минхен. „Светците“ се на само 45 минути од историја и прв трофеј од Лигата на шампионите.

Аштраф Хакими во 12-тата минута го донесе ПСЖ во водство од 1-0, додека на 2-0 зголеми Дуе во 20-тата минута.

ПСЖ доминираше во сите статистички категории во првото полувреме, а тоа го покажува и резултатот. „Светците“ имаат 62% посед на топката, а упатија и пет удари кои одеа во рамки на противничкиот гол, од вкупно 13 кои ги имаа во првото полувреме. За разлика од нив, Интер упати два удари, но нитуеден не одеше во рамките од голот на Донарума.

- Оглас -

Најнови вести