29.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Поминаа 20 години: Меси во дебито за Аргентина доби црвен картон само по 40 секунди игра (Видео)

Повеќе од две децении Лионел Меси испишува фудбалска историја со своите настапи. Аргентинецот кој стана легенда со осум освоени Златни топки и уште еден куп други нестварни достигнувања, пред 20 години имаше разочарувачко деби во националниот тим.

На 17 август 2005 година, Меси како 18-годишник доби шанса да дебитира за репрезентацијата на Аргентина, и тоа на пријателски меч против Унгарија. Меси влезе на местото на Лисандро Лопес во 64-тата минута, а само 40 секунди подоцна доби директен црвен картон. Тогаш тинејџерот Меси тргна во соло пробив, а еден од домашните иргачи го влечеше за дресот. Меси го удри со раката, судијата тоа го виде и веднаш го исклучи младиот Меси.

Тој меч како да беше лекција за Лео. Сега, 20 години подоцна, Меси има одиграно 193 натпревари во аргентинската репрезентација, а има постигнато 112 голови. Меси со Аргентина се радуваше на титула на Светско првенство (2022 година), како и на два трофеи на Копа Америка (2021 и 2024) и еден пехар на Финалисима (2022).

- Оглас -

Најнови вести