Поминаа четири децении откако последен пат домаќин освои ЕП

Репрезентацијата на Франција предводена од Мишел Платини во сега веќе далечната 1984 година е последниот домаќин кој освоил Европско првенство.

Дури 40 години се чека некоја земја која сама организирала ЕП во фудбал да стане првак, што покажува дека домашниот терен и не е некоја преголема предност. Пред Франција, европски прваци на свој терен станаа и Италија во 1968 и Шпанија во 1964 година. И толку.

Ова не се добри вести за германскиот национален тим, но ако вечерва на отворањето на ЕП 2024 ја победат Шкотска, би можеле да стигнат барем до финале.

Во 2016, домаќинот Франција стартуваше со победа и дојде до финалето, а ЕВРО 2020, кое се одржа одложено во 2021 година, почна со победа на Италија (еден од домаќините на шампионатот) и Аѕурите не само што стигнаа до финалето, туку и го добија, но не го играа во Рим, туку во Лондон против домашната Англија.

- Оглас -

Најнови вести