Поминаа само 16 минути, а Македонија веќе губи со 0:4!

Се подготвува ли дебакл на женската фудбалска репрезентација на Македонија во дуелот против Северна Ирска?

Нашите најдобри фудбалерки играат на теренот на ФФМ, но само по 16 минути, веќе имаат убедливо заистанување од четири гола.

Гостинките од Северна Ирска беа фаворитки и пред почетокот, но сигурно ни тие не веруваа дека во првите неколку минути ќе имаат веќе убедлива предност.

Фурнес погоди за 1:0 во четвртата минута, а потоа во 10-тата и во 11-тата минута гостите погодија уште двапати преку Меккина и Магили. Во 16-тата минута гостинските погодија и по четврти пат, кога Фурнес погоди по втор пат и покажаа дека нема да имаат милост.

Нашата репрезентација е без капитенката Нашата Андонова, а недостасува и Рочи. Ова е меч од квалификациите за пласман на СП 2023 година. Македонија има три бода од четири меча, додека Северна Ирска досега освои седум бодови од четри дуели.

- Оглас -

Најнови вести