Поминаа точно 60 години, уште се зборува за тој луд Боксинг деј со 66 гола на 10 меча!

Празничниот фудбалски спектакл, популарниот Боксинг деј во Велика Британија, традиционално и денеска ќе биде исполнет со мечеви од елитната Премиер лигата, па сè до најнизок ранг во Англија.

Врвниот фудбал е биде специјален подарок за сите приврзаници на најважната споредна работа на светот, а низ историјата имало возбудливи кола за Боксинг деј, но како специјален се памети оној 26-ти декември во 1963 година.

На тој Боксинг деј пред шест децении, се случи нешто неповторливо, на 10-те меча кои се одиграа во елитната англиска лига, вкупно беа постигнати 66 погодоци, просек од 6,6 голови по меч. Такво нешто ниту имало после тоа, веројатно нема ни да има.

Предничеа Фулам со триумф од 10-1 против Ипсвич, Блекбурн со победа од 8-2 над Вест хем, а впечатлив е и успехот на Барнли и победата од 6-1 против големиот Манчестер јунајтед. „Потфрлија“ само Лестер и Евертон кои одиграа 2-0 и тоа беше единствен меч без три или повеќе гочови.

Можеби денешните дуели ќе приредат ново гол-шоу, а почетокот на фудбалскиот ден за подароци е со мечот меѓу Њукасл и Нотингам форест од 13.30 часот.

- Оглас -

Најнови вести