Фудбалерот на Вилјареал, Алекс Баена, кој после мечот со Реал Мадрид добил бокс в лице од Федерико Валверде, се огласи на социјалните мрежи после инцидентот на паркингот на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
„Изненаден сум од тоа што се зборува за мене. Тотална невистина е дека сум го кажал тоа“ – порача Баена.
Верзијата на лица блиски до Валверде е дека Уругваецот го удрил Баена поради гнасни навреди кон неговиот нероден син. Сопругата на Валверде, Мина, е трудна, а Баена му порачувал на Феде дека детето нема да се роди и оти Мина ќе абортира.
https://twitter.com/i/status/1644866767590703104