На „Бернабеу“ имало и трето полувреме: играч на Реал нокаутирал колега од Вилјареал!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, после натпреварот со Вилјареал, го чекал колегата Алехандро Баена пред автобусот на гостинската екипа, и му удрил бокс в лице, велејќи му „Ајде сега повтори ги зборовите што ми ги кажа“.

Според шпанските медиуми, Баена во јануари, за време на натпреварот во Купот на Кралот, ја исмевал бремената сопруга на Валверде, која во тој период се плашеше од можна загубата на бебето кое го носи.

„Плачи сега затоа што вашето бебе нема да се роди“ – му рекол Бaена на Валверде после еден негов старт.

Тогаш Валверде премолчел, но Баена и синоќа му кажал нешто слично, па на фудбалерот на Реал му пукнал филмот и направил инцидент на паркингот.

- Оглас -

Најнови вести